Христијанска Црква Блага Вест во Р. Македонија изминатиот летен период изобилуваше со плодни проекти и настани. Успешни благословени Богослужби под Епископство на Пс. Константин и Милена Кајшаров се оддржаа во Скопје, Охрид, Кавадарци, Неготино, Малта каде земаа учество и останатите пастори и лидери на Црквата со цел изградба на Христовото тело. Исто така во изминатиот период беа организирани венчавки, водно крштавање, крштавање во Светиот Дух, посветување на новороденчиња како и молитви за исцелување, ослободување.
Со радост и благослов во Име на Господ Исус Христос ве поздравуваме со фотографии од изминатиот период.











