Добродојдовте во нашата црква Сакате нов живот со Бога? Доста ви е од ритуали, обичаи и неразбирливи служби?
Песни кои треба да ви го кренат Духот, а наместо тоа ви предизвикуваат тага?
Сакате да научите да се молите и да ви бидат услишани молитвите?
Добродојдовте во нашата црква Сакате да сте благословени? Сакате да научите да се молите и да ви бидат услишани молитвите?
Сакате да го славите Бога и да бидете благословени?
ПРЕТСТОЈНИ

НАСТАНИ

ВЕЛИГДЕНСКА БОГОСЛУЖБА

12/04/2026 12:00

  • 00

    Дена

  • 00

    Часа

  • 00

    Минути

  • 00

    Секунди

За Црквата

За Црква

Христијанска Црква „Блага Вест“ во РМ е автономна Црква со седиште во Скопје, која е единствен официјален претставник во Р. Македонија на „Црква Божја“ Тенеси, Кливленд, САД.

Мисија на Црквата

Наша мисија е Живо Христијанство, односно вера во Бога која е базирана на личен однос со Бога, на Светото Писмо и духовна плодност за Божја Слава.

Визија на Црквата

Нашата цел во Христијанска Црква Блага Вест во Р.М. е секој да ја слушне Радосната Вест, да ја прими, да поверува во Христа и да се спаси, а со тоа човекот освен верник, треба да стане Христов следбеник кој ќе го рефлектира Исусовиот карактер во своето живеење.

Константин и Милена Кајшаров

Нивната Мисија „Живо Христијанство“ во склоп на ХЦ Блага Вест во РМ вклучува пророчко славење, исцелување и ослободување, а слоганот на Мисијата Живо Христијанство е „Живеј духовно, а не религиозно.“

Како служители, тие формираат Цркви, организираат Библиски школи, Духовни кампови и Поклонички патувања во Израел, поттикнуваат молитвени групи, и одржуваат духовни активности во Црквата, како и различни семинари за екипирање на луѓето во духовната сфера како: Ослободување од демони, Ослободување од маѓии и проклетства, Крштевање во Вода и Дух, Исцелување на луѓето, Дарови на Светиот Дух, Нова ДНК, Духовен Менаџмент, Молитвени минути, Ремоделирање, Слобода, Духовна Генералка и многу други.

Kако Пастори имаат јасен увид и препознавање на делата на ѓаволот кои се наметнуваат во христијанските средини. Тие велат дека ѓаволот највеќе се обидува да ги напаѓа христијаните кои се новородени и го спроведуваат авторитетот во Името на Господ Исус Христос.

НАЈНОВИ

СОДРЖИНИ

Галерија