Огнена конференција: Исцелување преку Благодат 2026

24
Окт

На Fire Conference 2026 која се одржа во организација на Христијанска Црква Блага Вест во РМ, со тема Исцелување преку Благодат, Исусовото име одекнуваше во преполната сала во Скопје. Водени од Светиот Дух, силно Слово споделија гостите:

  • Dr. Jonathan Augustine – Регионален надзорник на Црква Божја за Балканот и Источна Европа
  • Dr. Bill Isaacs – Главен пастор на „Lake Erie Church“ и Епископ на Црква Божја
  • Jeremy Isaacs – Главен пастор на „Generations Church“ во Кантон, Џорџија
  • Епископ Константин Кајшаров – Главен пастор на Христијанска Црква „Блага Вест“ во РМ, Епископ и главен надзорник на Црква Божја за Македонија, како и домаќин на конференцијата.

Словото за Благодатта Божја ги стопли и допре срцата на присутните, кои разбраа што е суштината на Благата Вест, а потоа пристапија на молитва за исцелување и ослободување во име на Господ Исус Христос. Сите заедно сплотени го прославија Господовото Име Кое е над секое Име додека во радост играа ослободени од сите товари кои им тежеа. Фала и слава на нашиот Господ Исус Христос за многуте нови спасени души, за исцелувањето, утехата и охрабрувањето кај сите присутни и оние што следеа онлајн.

Мисијата Живо Христијанство од Македонија продолжува насекаде со ширење на Радосната Вест и исполнување на Божјите цели, за Божја Слава, бидејќи Fire Conference 2026 не е крај, туку почеток!