Кога се разоткриваат лагите на непријателот

04
Окт

Во четвртиот дел од серијалот „Божјиот Авторитет“, Епископ Константин Кајшаров библиски ги разобличи измамите на ѓаволот и дејствувањето на духовите на Лилит, Језавела и Кокатрис.

Божјото Слово ни помага да ги препознаеме делата на непријателот, да го применуваме дарот на распознавање на духовите и да застанеме против секоја лага.

Исус Христос го победи ѓаволот! Во Неговото Име имаме авторитет да ги разобличуваме лагите на непријателот и да сведочиме за Божјата вистина, слобода и победа.

Пораката ги охрабри присутните цврсто да стојат во верата и да ја шират Радосната Вест.

Лагата мами, но Божјата вистина ослободува. Победата е само во Господ Исус Христос!