На Денот на Реформацијата 31-ви октомври, нашите срца и гласови беа насочени кон Господ Исус Христос!
Во Христијанска Црква „Блага Вест“ во РМ – Скопје, под водство на Епископ Константин Кајшаров, ја прославивме Реформацијата преку верата – избирајќи ја Христовата светлина наместо поглед насочен кон темнината и Halloween – Ноќта на вештерките.
Во својата проповед, Епископ Константин Кајшаров зборуваше за Славењето како угодна жртва на Бога: песни и живи зборови водени од Светиот Дух, исполнети со благодарност за жртвата и делото на Христос за целото човештво. Кога Му благодариме и во добро и во тешки моменти, ние сведочиме дека Исус е Победникот и дека преку Него и ние имаме победа.
Пред тоа, Пастор Јулијана Спироска, и ѓаконоте Јана Савовска и Анита Христова Димчева зборуваа за Реформацијата, духовната промена во срцето и негативните влијанија на Halloween – Ноќта на вештерките. Богослужбата ја завршивме со Спомен Господова вечера и радосно Славење на Името на Господ Исус Христос, благодарни за Неговата жртва на крстот и сѐ што имаме по Негова милост.