Богослужба: 100 години од Пентакостално движење

13
Јул

Кога живееме на различни страни на светот но сврзани со врските на Христовата љубов, кога и да сме заедно времето ни е секогаш малку, но затоа ја имаме вечноста да бидеме заедно.

Изминатиов викенд во Бургас, Бугарија имавме благословено време на Богослужбата кај пастор Стефан и Марија Димитрови по повод 100 години од Пентакосталното движење во Бургас, заедно со нивните семејства дојдени од различни земји. Остатокот од времето го поминавме со Др. Џонатан и Др.Даниела Августин кој освен што се наши духовни родители, тие се наши блиски пријатели со кои секој споделен миг е вистински обостран благослов.

Фала и Слава на Господ Исус Христос за ова непроценливо заедничко поминато време покрај море, ширејќи ја насекаде Радосната Блага Вест дека Исус Христос е жив!