22
Авг
Богатство во лето! ТОПЛО Е! НЕКОЈ СЕ БАЊА, А НЕКОЈ УЧИ!
Во ХЦ Блага Вест во РМ вечерва започна Библиска школа со цел:
- подлабоко запознавање на Библијата,
- созадавање темел за духовен раст и зрелост на верниците,
- восприемање на Христовото учење и следење на Христос,
- примена на вистинската вера во секојдневниот живот без народни традиции, обреди и ритуали.
После првиот час имавме време за дружење, споделување, забавно заедништво кое ќе порасне во силно пријателство. Придружи се и ти, обогати се духовно!