Богослужба за обука за дејствување во исцелување

01
Јун

На Богослужбата во ХЦ Блага Вест во Р. М. на 01 Јуни, верниците не само што духовно се нахранија туку беа обучени како да дејствуваат во исцелување според указите на Господ Исус Христос од Светото Писмо.

Влатко Христов даде вовед во темата, а Епископ Константин Кајшаров образложи, поучи, поттикна и покажа како да се практикува исцелувањето. Верниците во оваа Црква не се пасивни, туку активни духовни оператори водени од Светиот Дух.

Секој верник може да биде употребен од Бога по Негова Милост, затоа Христијанството е духовен живот кој се практикува.