Кога човек чекори со вера напред во животот, со погледот вперен кон Исус, со надежта во Бога и постојаната радост во Него, не дозволува да му повлијае опкружувањето, а ние како христијани сме повикани на таков живот со Бога.
Прекрасна саботна вечер, преубаво и благословено време во заедништво, многу радост, прославителни песни со кои се издига и слави Исусовото Име, но пред се, проповед со силно и охрабрувачко Слово, споделено од Епископ Константин Кајшаров заокружено со Спомен Господова вечера.
Секој присутен на Богослужбата која се одржа на 27.08.2022год. во ХЦ Блага Вест во РМ-Скопје, имаше привилегија да биде дел од сето ова и да ја вкуси многу длабоко Божјата Милост.
[NPG id=2071]