Како и секој настан до сега, па така и овој на 24.09.2022 год. беше масовно посетен, а просторот претесен да ги собере сите кои се жедни за Вистината-Исус. Салата беше исполнета со Божја сила која ја почувствуваа околу 500 лица на бесплатната Исцелителна служба организирана од Христијанска црква Блага вест во РМ, водена од пастор Константин Кајшаров која претставуваше масовна Евангелизација.
Сите луѓе, повеќето првпат дојдени, имаа можност да слушнат проповед за Божјата благодат, славење на Бога и моќна исцелителна служба, па затоа со вера, стрпливо во редици до касно вечерта чекаа да пристапат за молитва, ги отворија срцата и ја почувствуваа Божјата љубов. Имаше солзи од радост за тоа што Бог го вршеше – демони се изгонуваа, болни се исцелуваа, неспасени се спасуваа, многу срца се радуваа и сите Го славеа Господовото Име!
Пораката од најновата книга “Биди поинаков” на Кајшаров со чија промоција се отвори настанот, но и го заокружи истиот поради тајмингот на минато неделните настани само беше потврда дека се си има свое време, а сите присутни пред заминување добија на подарок бесплатна книга и Библија. Фала и Слава на Господ Исус Христос, зашто се е од Него, за Него и преку Него!
[NPG id=2105]