Ако христијаните не ја знаат разликата помеѓу Стариот и Новиот Завет, односно што прави Крвта на Исус Христос и зошто е тоа многу важно да се разбере, стануваат лесна мета на ѓаволот, на демоните и нечистите сили.
На Богослужбата што се одржа на 05.11.2022 година во ХЦ Блага Вест во РМ, Епископ Константин Кајшаров зборуваше на оваа многу значајна тема.
Присутните имаа можност да слушнат поуки поткрепени со стихови од Словото, дека не може да се биде старозаветен верник и само да се додаде Исус на тоа, туку е потребен радикален чекор во животот, како што поучува и апостолот Павле, да се тргне старото, за да се зачекори по Исус, по новото.
Силни поуки и многу охрабрувачки насоки, радосно поминато време во сплотеност и единство, заедничка Господова Спомен Вечера, но и споделување на извадоци од најновата книга “Биди поинаков” од пастор Константин Кајшаров, која дава одговор, нуди излез и решение на секој, кој се соочува со одредени дилеми или пак поминува одредени сезони во животот.