Како да превземеме контрола врз нашите телесни страсти и да не дозволиме да бидеме робови на грешните навики? Одговор на ова прашање, како и на многу други прашања добија присутните на Богослужбата одржана на 19.11.2022 во просториите на Христијанската Црква Блага Вест во РМ.
Одговорите беа од Светото Писмо, а нив ги објаснија Николче и Јулијана Спироски кои на едноставен начин им доловија на присутните што значи Библиски пост и зошто треба да се практикува. Силен заклучок на оваа тема сподели Еп. Константин Кајшаров кој ги потикна верниците да се приклучат на колективниот пост кој и претстои на Црквата. Вечерта заврши со Славење на Името на Господ Исус Христос.
[NPG id=2225]