Силни поуки од Словото, прославителни песни со кои се издига и слави Исусовото Име, молитви во заедништво, искрена љубов и многу радост, можеше да се почувствува на Богослужбата која се оддржа на 26.11.2022 година, во ХЦ Блага Вест во РМ.
По молитвата на сестра Софија Кузмановска, кратко излагање на тема: “Дали е Библиски чин китењето елка и славењето слави?” имаше сестра Маја Јовевска.
Длабока и многу поучна проповед сподели Епископ Константин Кајшаров, каде присутните можеа да слушнат дека бедата и сиромаштијата не се дел од Божјиот план за христијаните, а решението е во личната врска со Исус.
Примерот со Мелхиседек и како со почит и покорност сме повикани да Му служиме на Бога.
Огромна е Божјата милост во животот на секој оној кој го има Исус Христос за свој Господ и Спасител, за свој Свештеник и Застапник.
[NPG id=2237]