Библијата не учи дека Исус беше против традициите и човечките преданија, а според она во што секој верува, таков избор и прави.
Секој човек сам избира дали ќе оди по светот и ќе ги почитува светските нешта или пак ќе чекори по тесниот пат.
Ние како христијани, како избран Божји народ, сме повикани да одиме по патот на правдата, љубовта и благодатта, патот на чесноста и чистотата, патот кој што Исус го поплочи со Неговата света крв.
На Богослужбата која што се оддржа на 17.12.2022 година, во ХЦ Блага Вест во РМ, токму за традициите и обичаите, кратки излагања споделија неколку браќа и сестри, а заокружување на темата даде Епископ Константин Кајшаров.
Фала и слава на Господ Исус Христос за благословеното време во заедништво, за новите прославителни песни и прекрасното славење, но и за радоста која се чувствуваше кај секој присутен.
[NPG id=2330]