Повикот на Црквата е да копнее да пророкува.
Имено, самото Слово во 1 Коринќаните 14:1 вели:
Стремете се кон љубовта! Ревнувајте за духовните нешта, а особено да можете да пророкувате!
На Богослужбата која се оддржа на 29.01.2023 година, Епископ Константин Кајшаров сподели проповед на тема „Пророчка Црква“ со цел, верниците да се обучат да гледаат во духовната димензија, како би можеле да бидат употребени од Бога.
Нашата Црква – Х.Ц Блага Вест во РМ, е жива и водена од Светиот Дух, која Му угодува на Бога и се стреми кон практична примена на Словото.
[NPG id=2583]