Ново вино во нови мевови, нов почеток во Христијанската Црква Блага Вест во Прилеп!
На чудесната Богослужбата која се одржа на ден 05.02.2023 година, Бог излеа силно Слово на обнова и радост преку проповедта на доктор Џонатан Августин кој потенцираше дека верниците не се робови,туку деца на Бог кои се дел од Црквата водена од Господ Исус Христос и дека секогаш треба да
даваме повеќе од она што се бара од нас.
Потоа, епископ Константин Кајшаров преку неговата помазана проповед даде јасни поуки од Словото Божјо за тоа како да се живее во Божјата благодат, знаејќи што значи крвта Исусова за нас христијаните. Богослужбата се заокружи со помазување на Ќамил и Хариета Зекироски за пастори.
Слава на Господ Исус Христос за овој неверојатно прекрасен ден на љубов, заедништво и радосно славење на Господовото Име!
[NPG id=2619]