Како што виолинистот ја штима својата виолина, гитаристот својата гитарата, така верникот во Христа го „штима“ (го насочува) своето срце кон Бога, со цел да го слушне Божјиот глас, со порака која охрабрува, разобличува и утешува.
Првиот час од Пророчката школа што на 18.02.2023 година се одржа во ХЦ Блага Вест во РМ, беше вистинско штимање на верниците, кои со жед и копнеж во срцата дојдоа да го слушнат она што Господ го имаше подготвено за нив и го излеа преку Епископ Константин Кајшаров.
На почетокот тест за проверка на совладаниот материјал, па поуки од Слово поткрепено со примери и на крај практика и вежби.
Вистинско освежување беше потсетувањето на темата за прокламациите, која накратко ја сподели нашата сестра, Анита Христова Димчева.
Фала и Слава на Господ Исус Христос!
[NPG id=2651]