Силата на благословот доаѓа од Божјата милост, а Божјата милост извира од срцето на Бога.
Не треба некој да направи нешто за да го заработи благословот, зашто тоа е подарок од Господа.
Човекот духовно расте и созрева во верата во Христа, кога редовно духовно се храни.
На Богослужбата која се одржа на 08.04.2023 година во ХЦ Блага Вест во РМ, верниците примија нова и свежа духовна храна.
Епископ Константин Кајшаров, пред присутните сподели нови и подлабоки информации од циклус проповедите за Силата на благословот. Но, ова не беа само обични информации, туку зборови кои ја облагородуваат душата, кои го поттикнуваат вашиот дух во раст и целосно те поттикнуваат во полетност кон Бога.
Меѓусебни благословувања, прегратки, прославителни песни, радосно време во единство и заедништво.
[NPG id=2731]