Религијата и неблагодарноста се бариерите како во духовниот живот кај верникот така и во неговото заедништво со Христос. Тие се причина за отпаѓање од благодатта, проклетство и непостојаност кај верникот.
Научивме дека Исус не е именка туку Личност што ни овозможува живот и победа во сите области на животот. Научивме да пребиваме во Неговата благодат со благодарност и водени од Светиот Дух.
Научивме дека сме благословени да живееме победнички и да се љубиме еден со друг.
Многумина беа потресени, расплакани, обновени со Живото Слово кое се сподели на Богослужбата.
Му благодариме на Господ Исус Христос и за оваа Богослужба, која се одржа на 20.05.2023 година во ХЦ Блага Вест во РМ, кадешто слушнавме силна проповед од Епископ Константин Кајшаров.
Иако немаше исцелување со полагање раце, Словото кое го слушнавме ја исцели Црквата и не поттикна во победа.
Слава на Бога!
[NPG id=2789]