Во Христијанската Црква Блага Вест во РМ секогаш е различно, необично и динамично без разлика дали станува збор за проповед, славење, гостување или помазување. Кога Светиот Дух води, оганот се чувствува насекаде бидејќи срцата пламтат во љубовта Божја.
Така и овој викенд имавме незаборавно време со длабоката проповед на Епископ Константин Кајшаров за повикот кој го имаме како Христијани да го шириме Евангелието и како откликнуваме на тоа, како и поуката за тоа каде сме безбедни како Христијани, споделена од нашиот драг гостин Д-р Џонатан Августин кој е главен надгледник за мисиите на Црква Божја за Централна Европа и Балкан.
Целиот собир се заокружи со помазување на нови пастори кои Бог ги постави да служат, Јулијана и Николче Спироски, и со радосно славење на Исусовото Име кое е над секое Име!
Алелуја за сите благослови!
[NPG id=2825]