Христијанската конференција “Тренинг камп Пампорово 2023” организирана од Црквата Емануил во Бугарија, водена од пастор Венјамин Несторов се одржа минатата недела во почетокот на Август 2023. На конференцијата учествуваа околу 800 верници од различни земји и цркви, на сесии кои се состоеја од утрински молитви, претпладневни и вечерни проповеди од неколку пастори, групи за славење на Бога и неколку исцелителни служби.
На конференцијата, како еден од главните говорители учествуваше и Епископ Константин Кајшаров од Христијанска Црква Блага Вест во РМ заедно со својот тим, кој беше дочекан со овации од присутните кои беа во исчекување за благословите кои тој им ги пренесе преку силни и помазани проповеди, славење и исцелување.
Јас, како член на неговиот тим бев сведок како Господ моќно го употреби со силно служење кое допре стотици луѓе, преку:
- натприродно пеење нови Божји песни и Славење на Бога кое растреперува, лекува, преобразува, пратен од групата Шалом,
- проповеди основани на Божјото Слово кои поучуваат, разоткриваат, корегираат и насочуваат;
- натприродно исцелување со исклучително силен дар на знаење и пророкување, за стотици луѓе кои во редици чекаа да пристапат до него, пропратено со бројни знаци, чуда и сведоштва за Слава на Бога;
- обука за исцелување која ја трга зависноста од тоа постојано да се бара и очекува од служители да те исцелуваат, туку дава основи за библиско исцелување со силата на Светиот Дух, во името на Исус;
- неговите најнови книги Победувај со Емануел и Биди поинаков, беа преведени на бугарски јазик и беа многу барани, исто како и неговата духовна музика од 8 албуми, снимена на УСБ;
Фала на Бога што имавме можност да бидеме дел од оваа конференција и лично да го искусиме ова натприродно искуство, силен духовен бран кој донесе освежување, исцелување, радост и поттик во силна вера во пракса во Господ Исус Христос со издигање на Неговото Име кое е над секое име преку Живо Христијанство!
[NPG id=2851]
Второто излагање на Епископ Константин Кајшаров во Пампорово, Бугарија, беше обучување за практика на исцелувањето.Тие научија како сами да дејствуваат во духовниот свет со Авторитетот и власта која ја имаме како Христијани во Името на Господ Исус Христос, да не зависат од луѓе туку само од Бога. Група доброволци меѓусебно го практикуваа она што го научија, како да преминат од консуматори во духовни оператори на Божјото Слово. Песните кои беа испеани ги пренесоа присутните во небесни предели, а сите радосно коментираа дека е скапоцено и бесценето она што Бог го прави преку него за Слава на Бога во Име на Господ Исус Христос!
Софија Кузмановска
[NPG id=2876]