Oбновен живот преку Благодатта на Бога

11
Окт

Изминатиов викенд на 08.10.2023 Епископ Константин Кајшаров гостуваше во Бугарија по покана од Евангелска Црква – Божја Црква Бугарија, Ќустендил кај пастор Румен Пејчев. Во преполната сала имаше гладни души за Вистината, радосни за неговото гостување, а пс.Кајшаров сподели длабоко Слово за обновен живот преку Благодатта на Бога.

На крајот започна Исцелителна служба како Молитвена терапија на која пристапи целото Собрание. Топлото добредојде и патот што Бог Го отвори за да не спои, беше показател дека многу скоро пак ќе имаме заедничко време во Господа за Слава на Бога во Име на Исус! Алелуја!

[NPG id=2984]