Вечер за паметење и радост беше токму минатата вечер, 28.10.2023 година, каде во организација на Христијанска Црква „Блага Вест во РМ“ беше одржан свечен собир за Денот на реформацијата преку Мартин Лутер. На тој ден започнале огромни реформи во христијанството и ширењето на Радосната Вест за Христос.
Братот Јане Иванов имаше длабоко излагање на оваа тема на која се надоврзаа пасторите Николче и Јулијана Спироски од ХЦ блага Вест во Охрид кои ја потенцираа важноста на она кое се случило на 31ви Октомври пред многу векови.
Потоа проф. д-р Лазар Јовевски даде краток осврт за денот на реформацијата како историски значаен настан за секој христијанин, а потоа на присутните им се обрати пастор Ќамил Зекироски од ХЦ Блага Вест од Прилеп кој даде убаво заокружување на оваа тема.
Најголем реформатор на сите времиња е Господ Исус Христос, а токму за ова зборуваше Епископ Константин Кајшаров, укажувајќи им на присутните дека промените во нашиот живот започнуваат со промена на верувањето и ставот на срцето, кое е возможно доколку го имаме водството од Светиот Дух којшто не води во Божја Благодат.
На огромно изненадување на сите, беше промовиран новиот музички албум со современа христијанска музика „Мојот идентитет“ од Епископ Константин Кајшаров, а сета слава и заслуга Му припаѓа само на Господ Исус Христос Кој секогаш прави нешто ново и уникатно кај оние кои на Него се надеваат.
Со песни, љубов и во силно заедништво се прославуваше Името Господово, а секој прими печат во срцето дека е благословен зошто е Божјо дете!
[NPG id=3040]