Секој човек копнее да биде прифатен и опкружен со љубов, а ние во Христијанска Црква Блага Вест во Р.М. ја имаме таа љубов во изобилие и токму затоа е особено важно да бидеме редовни и постојани во Црквата, зошто сме уникатни Нејзини органи кои допринесуваат Таа да расте и да се развива. На оваа тема, како и за значењето на зборот Емануел, посебен осврт дадоа пасторите Николче и Јулијана Спироски од Охрид на вчерашната Богослужба ,споделувајќи го сето тоа со практични и лесно разбирливи примери. Сите нахранети и освежени со Словото Божјо Го прославивме Бога извикувајќи Емануел – Бог е со нас!
[NPG id=3174]