Божиќ ни дојде и радост донесе, Христос се роди тага однесе од преполната сала со верници кои беа дел од свечената Богослужба на Христијанска Црква Блага Вест во РМ по повод Рождество Христово. Учество на овој настан земаа:
– Пасторите Јуле и Николче Спироски од Охрид го отворија настанот со осврт кон значењето на Исусовото раѓање
– Сестрите од детската служба: Маја Јовевска, Лиле Ристова и Симона Шошолчева заедно со децата споделија Писмо за пораката на Божиќ до сите деца, а потоа се претставија со кореографија на Божиќна песна
– Маја Јовевска испеа своја авторска песна
– Епископ Константин Кајшаров пренесе длабоко Слово за суштината на Божиќ и потоа го прослави Бог со неколку авторски песни
– Весна Јовановска рецитираше песна од нејзината поезија
– Пасторите Ќамил и Хариета Зекироски од Црквата во Прилеп имаа кратко обраќање за Божиќ, а потоа заедно со дел од нивните верници имаа Славење и кореографии на две песни
– Пастор Милена Кајшаров беше задолжена за квизот и наградите за точните одговори на најбрзите
– Потоа следуваше изненадување за најмладите кои добија подароци и чоколади
– Ана Божинова сподели ретроспектива на сите настани во Црквата за изминатава 2023 год. проследена со видео презентација за истата
– Тимот за Славење Шалом беше задолжен за Славењето на Божјото Име каде заедно со сите верници беа пренесени во радоста на Бога за Слава Негова. Тие беа предводени од Епископ Константин Кајшаров кој на крајот го заокружи целиот настан со молитва и благослов за присутните.
Слава на Бога за најголемиот подарок кој го добивме сите, Господ Исус Христос!
[NPG id=3188]