Зајакнување и раст на Црквата, преку еднодневен семинар и активности за тим билдинг на гостувањето во Прилеп, беше темата и целта која епископите Константин и Милена Кајшаров од Христијанска Црква Блага Вест во РМ ја поставија и постигнаа на 19.02.2024 година, изминатиов викенд.
На овој настан, освен тамошните верници во Прилепската Црква, водена од пастор Ќамил и Хариета Зекировски, учествуваа и верници од ХЦ Блага Вест од Охрид, Битола и Ресен, водена од пасторите Николче и Јулијана Спировски, како и претставници од Црквата во Скопје, заедно со тимовите за Славење со кои започна собирот. Вовед на различни Библиски теми, дадоа дел од луѓето во Црквата, а потоа на семинарот кој го водеше пс. Константин Кајшаров се појаснија повеќе теми од Новиот завет, зајакнато беше лидерството, засилен редот и дисциплината, каде со силно водство од Светиот Дух сите беа внесени во информациите.
На крај се Славеше Името на Господ Исус Христос, а секој од присутните со радост пристапи кон пс.Кајшаров и доби соодветен благослов, молитва или ослободување.
[NPG id=3234]