Духовна војна меѓу Светлината и темнината се случи викендов во Скопје, а сведоштва непрестано стигнуваат и денови после тоа. Радосно Славење, длабоко Слово, моќно Исцелување, целосно Ослободување, Новораѓање, благословено време во Господовото присуство. Некои дојдоа со демони, други со магии и проклетства, некои тажни и потиснати, болни и со проблеми, други од љубопитност, но на крај сите заминаа како дел од едно семејство, посинети преку Христос, охрабрени и радосни, ослободени и исцелени.
Сета Слава и Чест Му ја оддаваме само на Господ Исус Христос што имаме можност да работиме за Него во Христијанска Црква Блага Вест во РМ каде сето горенаведено е редовна практика, а не само приказна од Библијата. Затоа доаѓаат луѓе од целиот свет, бидејки во оваа црква она што се проповеда, тоа се живее секојдневно во Божјата Благодат, Алелуја!
Ова е само мал дел од она што се случуваше вчера на Богослужбата „Исцелување со Божјо Слово“ во организација на нашата Христијанска Црква Блага Вест во РМ на Исцелителната служба водена од Епископ Константин Кајшаров и специјалните гости Др.Џонатан Августин надгледник на Црква Божја (духовниот татко на Константин Кајшаров) и Пастор Сашо Младенов од Бугарија.
Многу нешта се кажаа, а Бог тоа го потврди со знаци и чуда во преполната сала со луѓе кои дојдоа од Грција, Германија, Полска, Бугарија и Македонија.
Во исцелителната служба се вклучија и Пастор Камил Зекировски од Прилеп и Пасторите Николче и Јуле Спировски од Охрид како и верните браќа и сестри од Скопје кои помагаа: Софија Кузмановска, Анита Христова Димчева, Јана Савовска, Гоце Божиноски, Тони Стојчевиќ, Јован, Андреј.
Сликите зборуваат повеќе од илјада зборови, а ние за сето тоа оддаваме Слава само на Господ Исус Христос.
[NPG id=3290]