Ние сме благословени за да бидеме благослов за другите, а токму за силата на благословот клучни поенти споделија дел од верниците од Христијанската Црква Блага Вест во РМ на Богослужбата одржана во Скопје. Веднаш потоа следуваше силна проповед од Eпископ Константин Кајшаров кој даде поука од Словото Божјо дека сите ние кои поверувавме во Христос Кој е Светлината на светот, станавме деца на денот и деца на светлината, а таа светлина во нас раѓа плодови на добрина, праведност и вистина. Епископ Кајшаров посебен акцент стави на фактот дека Исус нè љуби, а ние живеејќи со таквата увереност треба да ги љубиме браќата и сестрите, зошто така остануваме во светлината.
На крај сите заедно земавме Спомен Господова Вечера и Го прославивме Господ Исус Христос, секогаш благодарни што нè собира во Негово Име и за Негова слава!
[NPG id=3321]