Богослужба – 11.5.2024

14
Мај

Духовното оживување веќе се случува, промените започнуваат, но многумина се повикани, а малкумина избрани. Како избраници на Бога, се наситивме со Божјото Слово пренесено преку Пастор Кјамил Зекировски од Прилеп кој сподели за Добриот Самарјанин.

Тоа беше освежување за нашите срца, а радоста беше уште поголема бидејќи тимот за Славење од Прилепската Црква ни пренесоа прекрасни песни движени од Светиот Дух. Благодатта и Вистината ги живееме денес – беше поука со која Епископ Константин Кајшаров ја заокружи Богослужбата на која имавме и претставник на Библиското здружение Гидеони.

[NPG id=3364]