Дејствување со Даровите на Светиот Дух – 18.7.2024

19
Јул

Одењето во Црква не претставува само греење на столчето додека слушате проповед, туку напротив, одговорност на сите верници да дејствуваат со Даровите на Светиот Дух како духовни оператори. Токму тоа и се случи вчера на Духовната работилница во Христијанска Црква Блага Вест во РМ каде Епископ Константин Кајшаров ги учеше, ги водеше и насочуваше верниците како се дејствува практично, преку интерактивни вежби со молитви, практикувајќи пророкување, визии и насоки од Бога во Име на Господ Исус Христос. Оттаму заминавме охрабрени, утешени, поттикнати и мотивирани да дејствуваме утврдени во Бога за Слава Негова.

[NPG id=3427]