Човекот копнее да биде успешен и богат, да има партнер, брачен другар, деца, своја кола и живеалиште, да може да патува, финансиски независен, да биде здрав и уште многу други нешта…
Како да Му дозволиме на Бог да дејствува во нашиот живот без да Го ограничуваме за да имаме плоден живот и успеси на секое поле е прашање со кое се соочуваат многу христијани. Но, како сето тоа да се реализира според Библиски принципи беше споделено овој викенд од Епископ Константин Кајшаров на бесплатниот семинар “Плодна Утроба” одржан во Христијанска Црква Блага Вест во РМ, каде беа дадени одговори од Светото Писмо за да можат верниците да чекорат напред во животот и да даваат плодови за Слава на Бога.
“Кога вие ќе станете Мои плодотворни ученици, тоа ќе Му донесе слава на Мојот небесен Татко.” – Јован 15:8
[NPG id=3451]