Неповторлив викенд со дводневна обука за духовно дејствување во преполна сала со учесници од Македонија, Германија, Бугарија и Србија. Два бесплатни семинари – “Исцелување со молитва” и “Ослободување” беа темите кадешто освен теорија, и практично се учеше како да се користи авторитетот кој го имаме преку Исус Христос. Епископ Константин Кајшаров беше предавач на семинарите двата дена, а информациите ги пренесе на интерактивен начин каде темите беа лесно разбирливи за сите присутни, како за нови верници, така и за долгогодишни кои се утврдени во верата. Потоа имаше крштевање во Светиот Дух каде луѓето проговорија на непознати јазици, но имаше и вежби за примена на наученото каде луѓето беа поделени во групи.
Целиот викенд беше вистинско охрабрување за учесниците, но и поттик во иднина да дејствуваат без страв, бидејќи сè се покорува на Исусовото Име. Тоа им се потврди и на присутните на самиот крај пред завршување на викендот, кога Епископ Кајшаров со заповед од бина, без да допре никого, правеше групна молитва за ослободување на учесниците кои реагираа на далечина. Бог е ист вчера, денес и довека, па затоа чудата што ги вршеше тогаш, се активни и сега, а ние сета Слава и Чест Му ја оддаваме само на Господ Исус Христос што преку нашата Христијанска Црква Блага Вест во РМ имаме можност да допринесеме луѓето да станат живи храмови кои се духовни оператори, наместо пасивни и религиозни слушатели! Алелуја!
[NPG id=3486]