Телепатија, виткање лажици без допир, чуда, одење по вжарени јаглени и по вода?
Дали знаеш дека и ти можеш да влијаеш на околностите и физичката реалност во која живееш преку четвртата димензија?
Што е тоа Четврта Димензија?
Како практично да дејствуваш во оваа сфера? Како да дојдеш до престолот на Бога и да ги претставиш оние членови од семејството кои имаат проблем или не се спасени? Какво е застапувањето преку Светиот Дух во четвртата димензија?
Одговорите ги слушнавме вчера на 27.01.24 на семинарот воден од Константин Кајшаров кој е Епископ на Христијанска Црква Блага Вест во РМ. Тој разграничи што е дејствување во четврта димензија на Светиот Дух преку Библиска основа, а што се практики на нова епоха учењата во четвртата димензија.
Сите бевме во восхит од информациите преку кои ни се отворија духовните очи и ни се разгоре волјата за духовна практика.
Беше поразлично одсекогаш.
Толку скапоцен семинар, а бесплатен, толку многу дадено, сепак некои пропуштија, а во салата немаше слободно место.
Ова искуство даде светло во мрачниот свет полн предрасуди, философија, окултизам и беа разобличени методите на мистицизмот и демоните, а истакнати Божјите Библиски принципи за натприродно Христијанство со Светиот Дух.
[NPG id=3534]