На 04.08.2024 год. на Богослужбата на Црква Божја во Бургас – Градови за Исус, нашите пастори Константин и Милена Кајшаров беа помазани од страна на Д-р. Џонатан Аугустин, Регионален надзорник на Црква Божја за Југоисточна Европа и Епископ Стефан Димитров, Главен надзорник на Црква Божја за Р.Бугарија. Исто така, врачени им беа Сертификати издадени од Црква Божја со 189 држави од светот, а со тоа интернационално се потврди нивната служба, така што сега, нашиот пастор е:
Епископ Константин Кајшаров, официјален претставник и Главен надзорник на Црква Божја во Р.С. Македонија!
Слава на Бога, нека се благословени нашите пастори и Eпископ Кајшаров во нивниот живот и служба, во името на Господ Исус Христос!