Само Бог прави Црквата да расте, благословите да се множат, нови служители да се назначуваат и сите заедно да се радуваат!
На Свечената Богослужба која се одржа вчера на 17.08.2024год. во Скопје, бевме сведоци на историјата која Бог ја пишува во Македонија преку Христијанска Црква Блага Вест во РМ водена од Епископ Константин и Милена Кајшаров. Тие споделија искуства и впечатоци од нивното гостување во Р.Бугарија, и, како единствени и официјални претставници за Македонија на Црква Божја од Кливленд, Тенеси во која членуваат 189 земји ги врачија сертификатите за назначените служители во Црквата. На тоа предходеше проповед од Епископ Кајшаров за значењето на Службата и служењето на Бога, како и сè она што како благослов или бреме ја придружува.
Верниците со многу радост и љубов го прославија Господ Исус Христос со песни и духовни химни. Му оддадоа почит на Бога со благодарни молитви за се што направи во Македонија.
На крајот следуваше Спомен Господова Вечера и Славење на Господовото Име, а присутните трогнати од емотивната Богослужба си заминаа радосни и полетни во Духот!
Слава на Господ Исус Христос за сè што прави, бидејќи сè е од Него, за Него и преку Него, Алелуја!