Богослужба: Свиња во калта или дете на Бог?

26
Авг

Според личните избори одиш во калта или по Божјиот пат, но подарена ти е победата преку Христос која можеш да ја живееш – ти не си свиња која се враќа во калта, туку Божјо дете. Тоа го сподели Епископ Константин Кајшаров пред верниците од ХЦ Блага Вест во РМ на проповедта која се одржа оваа сабота, а на која предходеше Слово од пасторите од Охрид, молитва за исцелување и Славење на Исусовото Име. Кој е твојот избор во животот, дали одлучи по кој пат ќе чекориш, во прегратките на Бог или во кал?