Дали мислиш дека верувањето во Бог на свој начин, а не онака како што ни открива Библијата, би довело и до правилен начин на живеење? Како можеш да воочиш што е правилно, а што погрешно верување?
Прашања кои на вчерашната Богослужба, што се оддржа во ХЦ Блага Вест во РМ, поттикнаа размислување.
Пастор Јулијана Спироска започна со потсетување за неопходноста од градење на лична релација со Бога, а поуките кои потоа ги сподели Епископ Константин Кајшаров, базирани на Светото Писмо, дадоа многу клучни одговори и насоки за секој кој е спремен да го промени ставот на своето срце.
Во радост и единство во Духот, примивме Господова Спомен Вечера, а потоа со прославителни песни, одадовме слава на Господ Исус Христос.