Богослужба – 28.09.2024

29
Сеп

Кога Светиот Дух те движи во животот плодовите се видливи и препознатливи, бидејќи се резултат на личниот и близок однос со Бога. Вчерашниот ден во Христијанската Црква Блага Вест во РМ помина во радост за роденденот на нашиот Епископ Константин Кајшаров, каде учество земаа верници од Црквата, истакнувајќи ги благословите кои преку Епископот се дел од нивното секојдневие. Оние кои го познаваат знаат дека тој неуморно служи и бдее над нивните души, а оние кои дојдоа првпат осознаа дека има некој што тоа може да го прави и за нив. На Богослужбата имавме и гости – Тим за Славење од Евангелска Црква дојдени од Кочани и од Германија, а кои за оваа прилика спремија песни од Епископот Кајшаров и беа изненадување и за него. Во неговото обраќање, сета Слава му ја оддаде на Господ Исус Христос за сѐ што прави во неговиот живот и што е инструмент на Бога. Обраќањето на нашиот Епископ ги трогна срцата на присутните со љубовта, понизноста и искреноста кои го доближуваат Божјото Слово до секого на нерелигиозен начин, бидејќи Евангелието е основата на која треба цврсто да стои секој Христијанин. Затоа, благослов и привилегија е да си дел од Жива Христова Црква, движена од Светиот Дух, а голема придобивка е Евангелието да биде темелот, на кој твојот духовен татко те воспитува, за да го градиш твојот живот. Алелуја!