Како бензинска пумпа на која колата мора да се наполни со бензин за да се движи, така Словото на живот кое го примаме на Богослужбите во ХЦ Блага Вест во РМ ни е движечка сила, која не разгорува во духот и ни носи живот во телото и умот. Затоа не може некој духовно да се оддржува, ако сезонски и повремено е присутен во Црква, додека оние кои имаа копнеж во срцето и отвореност да примат од Бога беа присутни на вчерашната Богослужба каде примија обновување на духовната сила.
За Бог најскапоцено нешто кај човекот е душата, а гордоста е нејзина најстара болест, посочи на почетокот пастор Николче Спироски. Проповед за јасно и правилно разбирање на битието на новородениот човек од аспект на практична духовност ни даде Епископ Константин Кајшаров, охрабрувајќи не да чекориме во животот победоносно, со вера, мислејќи на праведноста за Христос.
Примивме Господова Спомен Вечера и во радост и единство го прославивме Господ Исус Христос!