Богослужба: Исцелување и пророкување

23
Окт

Кога се излева Благодатта на Господ Исус Христос, тогаш Божјата љубов ги преплавува срцата и секој е сведок на натприродното искуство, единството со Бога. Во тој момент се манифестираат знаци и чуда, болни се иселуваат, опфатени од демони се ослободуваат, магии и проклетства се тргаат, а сите напред по Христовиот пат продолжуваат. Во преполната сала 90 нови луѓе го предадоа својот живот на Исус, во молитва која ја водеше Епископ Константин Кајшаров после неговата проповед за значењето на спасението што го добиваме како вечен живот, одкога ќе го избереме Исус Христос за наш Господ и Спасител. Гостите на настанот, Др. Јонатан Августин и Пасторите Мајкл и Ребека МекДермот од САД се надоврзаа со нивните излагања “Иселувањето доаѓа и кога слушаш Божјо Слово” како и темата “Жедта за Бог значи да пиеш живот”. После обраќањата на говорителите, имаше исцелување и пророкување на присутните кои беа дојдени од различни земји на светот само за да бидат дел од овој несекојдневен настан во Македонија и да си заминат исцеление, обновени и посинети од Бога. Сета Слава е само на Господ Исус Христос, Алелуја!