Богослужба по повод Денот на Реформацијата

03
Ное

Реформацијата на светот започнува со промената во себе, преку љубовта која е основен двигател на сè. Токму за таа љубов, која Исус Христос ја покажа на дело и стана совршен пример за нас кој треба да го следиме во светот, зборуваше Епископ Константин Кајшаров на вчерашната Богослужба одржана во ХЦ Блага Вест во РМ во Скопје. Гости по повод Денот на Реформацијата беа пс.Јулијана Спироска од Охрид, како и пс.Камил Зекороски од Прилеп кои имаа кратки обраќања. Богослужбата ја заокруживме со Господова Спомен Вечера на која и предходеше прошка на присутните меѓу себе, за да можат да ја примат за нивно исцелување, а не за осуда. И така љубовта и овојпат победи, продолживме да славиме и пееме за Господ Исус Христос, а ние покажавме на дело дека по љубовта ќе познаат дека сме Христови следбеници, Алелуја!