Празнична атмосфера или празнување со вера? Што е правилно, а што е погрешно? Што е вистина, а што лага?
Божјите деца се радуваат кога ја слушаат вистината која ослободува, споделена низ призмата на Божјото Слово која ја разобличува сета лага и погрешно верување за празнувањето на Божиќ, но и поттикнува за блажената надеж која не очекува во Господа Исуса Христа.
Токму таа вистина беше проповедана од страна на пасторите Николче и Јулијана Спироски на вчерашната Богослужба ” Словото вели…” во нашата Христијанска Црква Блага Вест во Р.М., а потоа следуваше покајничка молитва за нов почеток каде секој со јасен став на срцето одлучи дека Исус е Најголем во неговиот живот.
И овојпат славењето на Божјото Име донесе освежување, радост, но и поттик да се подготвиме и да го дочекаме Божиќ на Библиски начин, оддавајќи Му ја сета слава и чест на Бога преку Името на Господ Исус Христос. Алелуја!