Дали ќе живееме под благодатта на Исус која ослободува или под религијата која поробува е избор со кој се соочува секој христијанин.
Нашиот повик е да Му угодуваме на Бога, а не на луѓето, а со ова силно Слово Епископ Константин Кајшаров им се обрати на присутните на првата Богослужба за оваа година во нашата Христијанска Црква Блага Вест во Р.М., нагласувајќи дека треба да Го прославиме Христос во нашиот живот како Господ и Спасител. “Како и секогаш, Бог е Тој Кој ни дава добри дарови”- потенцираше Пастор Николче Спироски, па така и на оваа Богослужба бевме сведоци на крштевање во вода и во Светиот Дух на браќа и сестри кои пристапија со жед и вера кон Бога.
На крајот Богослужбата се заокружи со заедничка Спомен Господова Вечера и огнено славење на Господовото Име, зошто се’ е од Него, преку Него и за Негова слава!