Одново исцелителна служба на Молитвениот Час со која започнаа активностите во новата 2025 год. во Христијанска Црква Блага Вест во РМ во Скопје. Ѓаконите Јана и Анита започнаа со застапничка молитва за годината што претстои, заедно со присутните и најмалите верници. Потоа Епископ Константин Кајшаров имаше исклучителна, но практична проповед со која ги поучи присутните за тоа како и кога треба да се манифестира кроткоста на Божјото Јагне, а како и кога природата на Лавот од Јудиното племе.
Нашата радост е во Бога, Тој е нашата Карпа, Сила и Заштита, Исус Христос е Господ и наш Спасител, се е од Него, преку Него и за Него. Живееме за да сведочиме за Него и да објавуваме дека Тој е жив и наскоро доаѓа!
На крај, сите полетни во Духот заминаа опсипани во Божјата Благодат со исцелително помазание и благослов за следнава година.
Потребен ли ти е благослов за наредната 2025? Секако, затоа биди жеден и биди во Црквата.
Придружете ни се, слушнете ја Радосната Вест и помирете се со Бога, ве очекуваме.