Божиќ за нас (на 25-ти Декември) е наjрадосниот ден во годината, бидејќи го добивме најскапоцениот подарок за човештвото на сите времиња – раѓањето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, а тоа е и причината за славење на нова година.
Затоа, изминатава недела за верниците од Христијанска Црква Блага Вест во РМ беше неизмерно радосна на Божиќната прослава во Скопје. Сите заедно собрани од разни страни на светот слушавме Слово од Епископ Константин Кајшаров, славевме, пеевме и се радувавме за Рождество Христово. Пасторите од Црквите во Охрид и Прилеп ги поздравија присутните, а дел од ѓаконите имаа кратко обраќање за значењето на Божиќ. Најмалите членови на Црквата се претставија со неколу точки, а добија и пакетчиња како подарок од Исус.
На крај беше промовирана и новата песна на Закхеј, Сиона, Касиа и Зои Кајшаров – “Божиќ е подарок” како божиќен подарок до сите луѓе. Имајте среќни божиќни и новогодишни празници, бидејќи Христос се роди! Алелуја!