26
Јан
Духовната работилница Сончоглед во нашата црква Блага вест во РМ ја водеше Светиот Дух. Темата “Облечи се со сила одозгора” беше за Него, од Него и преку Него. Потсетување за темите околу Божјиот животодавен Дух, подготвени од книгите, проповедите, поуките од Епископ Константин Кајшаров беа пренесени од 5 сестри а во жива интеракција се вклучија сите учесници. Радост и оган Божји ги разгореа срцата, прикажаните видеа и слики ги потекоа солзите, а бараните одговори на прашања ги раздвижија сите. Беше севкупно Божјо доживување кое не наквасуваше во дух и душа, та сите заедно Го издигнавме и прославивме Името на нашиот Господ Исус Христос!