Ветрот дува каде што сака и гласот негов го слушаш, но не знаеш од каде иде и на каде оди, а така е со секој човек кој е воден од Светиот Дух. Токму таква е нашата Христијанска Црква Блага Вест во РМ водена од епископите Константин и Милена Кајшаров, кои водени од Светиот Дух секогаш подготвуваат нешто ново, свежо и уникатно за верниците. Почетокот на новата сезона во Црквата започна со “Пасторски Состанок” на кој верниците имаа можност да поставуваат прашања од секојдневниот живот , а епископите Константин и Милена Кајшаров дадоа практични одговори базирани на Светото Писмо за правилна насока и правец во животот на човекот и неговиот духовен раст и развој.
Атмосферата беше посебна, сите бевме радосни и исполнети со Божјата благодат која ни’ даде поттик за крупни промени во нашите животи.
Продолжуваме напред по Божјиот пат и желно го очекуваме наредниот Пасторски Состанок во Христијанска Црква Блага во Р.М.