“Како да го надвладееш гревот, нагонот и искушението?”- тема која ги заинтригира присутните и го задржа нивното внимание на Богослужбата која се одржа во Христијанска Црква Блага Вест во Р.М, на која Епископ Константин Кајшаров даде јасен осврт на тоа дека не треба да се потпираме на себеси, туку на благодатта Божја, уверени дека сме Божја праведност преку Христос.
Благодарни за љубовта Божја пројавена врз сите нас заедно Го прославивме Името Господово, со фокус кон Христос, врз Кого се темели нашата вера од почеток до крај!