Победи го злото

09
Фев

“Победи го злото” беше насловена Богослужбата на која Епископ Константин Кајшаров во Христијанска Црква Блага Вест во РМ, одржа кратка обука за тоа како да разликуваат кој е нивниот непријател и како да дејствуваат со авторитетот на Божјото Име. Пред него, краток вовед дадоа пс. Јулијана и пс. Николче од Охрид, а го прославивме и Господ Исус Христос препуштени во Неговата љубов. Вечерта заврши со практична примена на она што беше научено, каде со Божјиот Авторитет, еп. Кајшаров правеше ослободување од демони, маѓии и проклетства на присутните во Име на нашиот Спасител и Исцелител, Исус Христос, а сета Слава, чест и Величие Му припаѓа само Нему!