Несекојдневно дружење на Вечерно кафе зачинето со љубов, во ХЦ Блага Вест во РМ.
Пријатни разговори во топла и опуштена атмосфера, каде присутните споделуваа за силата и значењето на благодарствената молитва, а се раскажаа и сведоштва за многубројни Божји интервенции во нивните животи, како резултат на исполнувањето на Божјите ветувања.
„Вечерно кафе – каде што верата се зајакнува, срцата се отвораат, а животните текови добиваат нова содржина“
Ве покануваме и вие да бидете дел од повторна средба на вечерно кафе!